BONACA SANDSPELL DUO

ден 3,090.00
МОРСКИ ПИЛИНЗИ И ГЕЛОВИ ЗА ТУШИРАЊЕ СО МИРИСИТЕ НА ЈАДРАНОТ
Со NMF, PHA киселини и сквалан
Ефикасно ги отстранува изумрените клетки од кожата
Ја остава кожата мазна, мека и нахранета
За сите типови кожа
Со волшебен парфемски мирис инспириран од Јадранот
0.0 од  рецензии

L’ADRIA DUO Линијата за тело ви нуди целосно доживување на медитеранскиот луксуз преку пилинзите и геловите за туширање,  инспирирани од морето и ветровите на Јадранот. Богатите парфемски мириси долго се задржуваат на кожата, оставајќи ја исклучително мазна, нахранета и свиленкасто мека.

Пилинзите содржат 92 % состојки од природно потекло* и нежно ги отстрануваат изумрените клетки од кожата, додека геловите за туширање Shower Gel се без SLS/SLES, збогатени со NMF, PHA киселини, маслинов сквалан и јадранска морска сол, нежно ја чистат и негуваат кожата.

*според стандардот ISO 16128

Изберете големина

Сите типови кожа
Без сулфати, етил алкохол и сушечки состојки
Дерматолошки тестирано
Произведено во Хрватска
Без суровост
Посвојуваме делфини

Детален опис

Детален опис

Постојат приказни што никогаш не завршуваат.

Тие се пренесуваат понатаму, се менуваат и нè менуваат нас.

Легендата за настанувањето на Јадранското Море е една од нив — приказна за Бура и Југо, за Адрија и Велебит, за љубовта, загубата и преобразбата што го обликувала пејзажот каков што го познаваме денес. Велат дека Адрија станала Јадранско Море, а Велебит — камен што бдее над неа. Дека ветровите останале како потсетник на сето она што некогаш се случило, но никогаш не исчезнало.

И денес Јадранот живее низ своите ветрови и расположенија — понекогаш нежен и блескав, понекогаш силен и див, а понекогаш тивок и замислен. Во тие промени секоја жена пронаоѓа дел од себе.

Инспирирани од оваа легенда, создадени се геловите за туширање L’ADRIA Shower Gel и пилинзите за тело Body Polish — ритуал за нега што ги слави преобразбата, сензуалноста и медитеранскиот луксуз. При допир со вода, геловите за туширање Shower Gel се претвораат во богата, нежна пена што ја чисти и омекнува кожата, додека пилинзите Body Polish од кремаст гранулиран балсам се преобразуваат во богато млеко што ја парфимира и интензивно ја негува кожата.

Формулите без SLS/SLES, збогатени со NMF, PHA киселини, маслинов сквалан и јадранска морска сол, ѝ даваат на кожата чувство на мекост, хидратација и нега. Пилинзите Body Polish, со најмалку 92 % состојки од природно потекло*, содржат комбинација од шеќер и јадранска морска сол за нежна, но ефикасна ексфолијација, додека маслиновиот сквалан ја храни и обновува кожата. Интензитетот на ексфолијацијата лесно се приспособува — за поинтензивно дејство нанесете го пилингот на сува кожа, а за понежно дејство на влажна кожа.

Body Polish се користи по гелот за туширање, како завршен чекор од ритуалот за нега, за хранливиот мирисен слој да остане на кожата. По масирањето и додавањето вода, се претвора во млеко што може да се исплакне во саканата мера, во зависност од степенот на нега што сакате да го постигнете. За поинтензивно чувство на нега, доволно е по туширањето кожата нежно да ја истапкате со крпа. Кожата останува свиленкасто мека, негувана и долготрајно парфимирана — како по нанесување млеко за тело.

Парфемските мириси инспирирани од Јадранот ја раскажуваат приказната за неговите ветрови и емоции — од ведриот маестрал и смирувачката бонаца, до интроспективното југо и моќната бура.

Тргнете на мирисно патување низ Јадранското Море со овој хранлив ритуал за нега.

Кој е Вашиот ветер? Можеби сите.

*според стандардот ISO 16128

Клучни состојки

Клучни состојки

BONACA SANDSPELL BODY POLISH – песок, бадем, маслинов сквалан, јадранска морска сол

BONACA SANDSPELL SHOWER GEL – бадем, NMF, PHA, маслинов сквалан, јадранска морска сол

Состојки

Состојки

L'ADRIA BODY POLISH BONACA SANDSPELL

SUCROSE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, OCTYLDODECANOL, HYDROGENATED RAPESEED OIL, PARFUM, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, SEA SALT, SQUALANE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, SORBETH-30 TETRAOLEATE, HELIANTHUS ANNUUS SEED CERA, UNDECANE, PENTAERYTHRITYL TETRA-DI-T-BUTYL HYDROXYHYDROCINNAMATE, CAPRYLYL GLYCOL, STEARALKONIUM HECTORITE, TRIDECANE, PROPYLENE CARBONATE, SAND, MICA, TOCOPHEROL, ASCORBYL PALMITATE, PHENOXYETHANOL, TETRAMETHYL ACETYLOCTAHYDRONAPHTHALENES, HEXAMETHYLINDANOPYRAN, BENZYL ALCOHOL, BENZYL SALICYLATE, VANILLIN, HYDROXYCITRONELLAL, COUMARIN, LIMONENE, CI 77891, CI 77491

L'ADRIA SHOWER GEL BONACA SANDSPELL

AQUA, COCAMIDOPROPYL BETAINE, SODIUM C14-16 OLEFIN SULFONATE, CAPRYLYL/CAPRYL GLUCOSIDE, PARFUM, DISTEARETH-75 IPDI, NIACINAMIDE, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL, SEA SALT, SQUALANE, SODIUM PCA, SODIUM LACTATE, ARGININE, ASPARTIC ACID, PCA, GLYCINE, ALANINE, SERINE, VALINE, ISOLEUCINE, PROLINE, THREONINE, HISTIDINE, PHENYLALANINE, POLYQUATERNIUM-10, GLYCERIN, GLUCONOLACTONE, CITRIC ACID, SODIUM LEVULINATE, SODIUM BENZOATE, SODIUM ANISATE, PENTYLENE GLYCOL, DIETHYLHEXYL SYRINGYLIDENEMALONATE, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, TETRAMETHYL ACETYLOCTAHYDRONAPHTHALENES, HEXAMETHYLINDANOPYRAN, BENZYL ALCOHOL, BENZYL SALICYLATE, VANILLIN, HYDROXYCITRONELLAL, COUMARIN, LIMONENE

Упатство за употреба

Упатство за употреба

За целосен ритуал за нега, најпрво нанесете го Shower Gel на влажна кожа и исплакнете го, а потоа втријте го пилингот Body Polish со кружни движења и со додавање вода претворете го во хранливо млеко. Исплакнете го во зависност од посакуваното чувство на нега, а кожата нежно истапкајте ја со крпа за хранливиот мирисен слој да остане на неа.

Мирис

Мирис

Кога е Бонаца, Адрија сонува.

Бонаца е ден без ветер, кога морето стивнува, а сонцето владее. Воздухот е топол и бавен, песокот загреан, а времето се протега како безгрижно попладне. Тоа е миг на целосен мир, кога телото и мислите потонуваат во одмор.

BONACA SANDSPELL се отвора со кремасти ноти на сладолед од јаткасти плодови и нежна ванила, како сладок залак што полека се топи на сонцето. Бадемот и златната карамела се испреплетуваат, создавајќи мирис што потсетува на десерт во кој уживате боси, со стапалата во топлиот песок. Како што се развива мирисот, сладоста се спојува со топлината на кожата, оставајќи трага што потсетува на карамелизирана кожа што го впива сонцето.

BONACA SANDSPELL е мирис на копнежот по летото и одморот — нежен, утешителен и неодоливо топол. Мирис на ден на плажа што не сакате да заврши и чувство дека не треба да бидете никаде на друго место.

Не содржи

Не содржи

микропластика, SLS/SLES, сулфати, парабени, PEG, формалдехид и донори на формалдехид, кокамид DEA, MCT/MIT, полисорбати, минерални масла, восоци ниту состојки од животинско потекло

Пакување

Пакување

BODY POLISH
Пластична тегличка од 370 g, изработена од пластика што може да се рециклира.

SHOWER GEL
Пластична туба од 260 ml, изработена од пластика што може да се рециклира.

Вашите мислења

Затоа што нашите корисници најдобро знаат

Овој производ сè уште нема рецензии

Customer Reviews

Be the first to write a review
0%
(0)
0%
(0)
0%
(0)
0%
(0)
0%
(0)
L'ADRIA летна распродажба
active campaign background gallery background