Плаќање и испорака
ПЛАЌАЊЕ ЗА СТОКИ
Клиентот се обврзува да ги плати нарачаните производи со трошоци за испорака на продавачот, трговската компанија СН ВЕЛНЕС ГРУП д.о.о Скопје, екслузивен дистрибутер на L'ADRIA COSMETICS d.o.o. , користејќи еден од следниве начини на плаќање:
- Плаќање при достава - во готово (нарачки на е-пошта или на Instagram профилот ladria.cosmetics.makedonija)
- American Express®
- Visa, MasterCard® или Maestro®
- Diners
Потврдата за продажба на производите се генерира веднаш по комплетирањето и плаќањето на нарачката.
Доколку плаќате во готово, нарачката ќе ја платите во точниот износ во готово на вработениот во курирската служба при подигнување на робата.
Размената на специфични/чувствителни податоци помеѓу системот што врши online плаќање и центрите за овластување на картичките се врши со помош на мрежа која е целосно заштитена од неовластен пристап. Платформата за наплата е на НЛБ Банка и со тоа се исклучува секоја можност на злоупотреба на податоци или средства од картичките. Информациите за вашата кредитна картичка се доставуваат online директно до центарот за овластување. Веб-продавницата ladria.mk не складира податоци од вашите кредитни картички и воопшто нема евиденција во податоците од Вашите карички. Прочитајте повеќе на страницата „Приватност и безбедност“.
При нарачување на производите платени се сите давачки, царинските давачки, даноците и таксите. Купувачите имаат трошоци за нарачаните производи согласно моменталната цена на производите при нарачувањето и евентуални трошоци за достава согласно политиката за достава на компанијата.
ИСПОРАКА
Цената на испорака за сите пратки во Република Македонија до 3.000,00 денари е 150.00 денари, а за пратки над 3.000,00 денари испораката е бесплатна и без дополнителни трошоци, без оглед на начинот на плаќање.
Со исклучок на претпродажбата, повеќето производи во редовна продажба се испраќаат во рок од 2 до 3 работни дена, а се испорачуваат во рок од 1 до 2 работни дена од испраќањето до повеќето дестинации во Република Македија (за помалите градови, пратките се испорачуваат според распоредот на Eco Logistic Service - ELS).
Примените нарачки по правило се обработуваат следниот работен ден (од понеделник до петок) и се испраќаат до клиентот (примачот на пратката) во рок од 24 часа. Исклучок се промотивните и сезонските периоди кога, поради зголемениот број на нарачки, подготовката на пратките исклучително може да трае подолго од 24 часа.
По нарачката ќе добиете:
- потврда на нарачката преку е-пошта, во рок од неколку минути по потврдата на нарачката
- известување дека нарачката е испратена од ELS преку е-пошта со бројот на пратката, обично во рок од 1 работен ден од потврдувањето на нарачката (освен за периодот на претпродажба кога очекуваното време за испорака е подолго)
- најава дека пратката ќе пристигне на вашата адреса следниот ден со СМС од ELS или телефонски повик на Вашиот мобилен телефон
Можете да ја следите пратката преку https://els-post.mk/.
Доколку содржината на пратката е оштетена или на кој било друг начин не одговара на купеното, контактирајте не преку е-пошта на info@ladria.mk во рок од 12 часа од превземањето на пратката.