Водич за правилно чистење на кожата на лицето во домашни услови
19/09/2026
Правилното чистење на лицето е во директна корелација со чистењето на лицето по природен пат. Тоа би значело дека се преземени сите препорачани чекори со употреба на производи што не оставаат последици врз здравјето на кожата на лицето.
Во продолжение ќе ги разгледаме сите постапки што ќе ви помогнат да ја постигнете целта. Ќе дознаете што подразбира отстранувањето на шминката од лицето, како правилно да го исчистите лицето од нечистотии и што можат да направат во врска со тоа тинејџерите што се во пубертет – чувствителен период од животот.
Како да ја отстраните шминката од лицето?
Со влажни марамчиња нема да постигнете целосно отстранување на шминката од кожата на лицето! Текстурата на кожата на лицето наликува на кора од портокал, па со бришењето со влажни марамчиња го отстранувате само површинскиот слој пудра или шминка. Сè што е насобрано во порите на лицето останува таму.
L’ADRIA Cleansing Balm се користи како прв чекор во чистењето на лицето за отстранување водоотпорна шминка и производи со заштитен фактор (SPF). Уживајте во трансформирачката текстура што од балсам преминува во масло за масажа, а потоа во хидратантно млеко, претворајќи го чистењето на лицето во мал спа-ритуал.
Содржи низа хранливи состојки што спречуваат сушење на кожата, како што се морска лаванда или мрежичка, сквалан од маслинка и восок од мимоза, како и смирувачки бисаболол и сина камилица.
Најчестите грешки при чистењето на лицето вклучуваат поистоветување на отстранувањето на шминката со чистењето на лицето. Отстранувањето на шминката ѝ овозможува на кожата на лицето повторно да дише, но тоа е само постапка што им претходи на сите следни чекори за чистење.
Природно чистење на лицето
Чистењето на лицето по природен пат подразбира користење состојки од природата и нивно синергиско дејство при отстранувањето на нечистотиите и обновувањето на кожата на лицето. Медот, циметот, кората од портокал и сода бикарбоната се дел од природните состојки што долгорочно не оставаат последици врз состојбата и здравјето на кожата.
Како правилно да го исчистите лицето?
Правилното чистење на кожата на лицето се одвива во неколку чекори што не е потребно да се применуваат секојдневно, туку по потреба, односно еден до двапати неделно.
Започнете го чистењето на лицето со следниов чекор:
1.ПРВ ЧЕКОР: Измијте го лицето со млака вода

Значи, никако не мијте го лицето со жешка вода бидејќи, освен што може да се изгорите, жешката вода ја суши кожата. Исто така, миењето со студена вода може да ги затвори порите на лицето. А ние го сакаме токму спротивното – да ги отстраниме насобраните нечистотии од порите на кожата.
2. ВТОР ЧЕКОР: Парење на лицето
Зовријте вода и почекајте извесно време. Потоа ставете крпа врз главата и изложете го лицето на пареа приближно пет минути. Внимавајте водата да не биде премногу жешка. Пареата ќе ги прошири порите на лицето и ќе ја подобри циркулацијата на крвта, што значи повеќе кислород за клетките на кожата. Парењето на лицето во домашни услови ќе ви помогне полесно да го исчистите во следните чекори.
3. ТРЕТ ЧЕКОР: Започнете со пилинг на лицето
За да ги отстраните мртвите клетки и да се ослободите од нечистотиите во порите на кожата, правете пилинг на лицето двапати неделно. Ако сè уште не сте го пробале, испробајте го L’ADRIA Face Polish, кој со своите многу ситни честички од микродермоабразивен песок ефикасно го отстранува изумрениот слој на кожата и лушпичките предизвикани од дехидратација, длабински ги чисти порите и ја подобрува микротекстурата на кожата.
4. ЧЕТВРТ ЧЕКОР: Природна маска за лице
Како да направите маска за лице? Маската за лице може да биде и DIY – „направете ја сами дома“. Овде можете да бидете креативни и да комбинирате состојки како мед и цимет, мед и кора од портокал, чај од камилица, банана и слично.
Исто така, сода бикарбоната (натриум хидрогенкарбонат – NaHCO₃) може да се комбинира со мед за да се направи смеса за маска. Оставете ги природните маски да дејствуваат околу 15 минути, а потоа темелно исплакнете го лицето.
5. ПЕТТИ ЧЕКОР: Тонирање на кожата на лицето

По сите овие чекори, време е за тонирање на лицето за да се врати рамнотежата на кожата. L'ADRIA Restorative Mist е погоден за сите типови кожа, вклучително и за чувствителна кожа. Хидратантната моќ на тоникот и хранливото дејство на емулзијата се споени во еден производ што совршено се слева со кожата.
6. ШЕСТИ ЧЕКОР: Хидратација на кожата на лицето

На крајот, не заборавајте го хидратантниот крем за кожата на лицето и вратот. L’ADRIA Regenerative Cream ги нуди неверојатните регенеративни својства на чудотворните морски алги и морскиот колаген од Јадранот. Нанесете го на чиста кожа на лицето наутро или навечер.
Колку често треба да ја чистите кожата на лицето? Сите овие чекори се наменети за правилно и темелно чистење на кожата на лицето и не е потребно да ги применувате секојдневно. Вклучете ги во својата рутина за убавина и нега на кожата еднаш до двапати неделно.
Целокупната и заокружена постапка за чистење на лицето може да се „скрати“ на два чекора. Секојдневното чистење на лицето може да се спроведе во три чекори.
Како да го исчистите лицето на природен начин во три чекори?
Познато е дека производите за чистење на лицето најчесто содржат помал или поголем број штетни состојки и доаѓаат во амбалажа што не може да се рециклира.
Линијата производи за чистење на лицето L’ADRIA Cleanser доаѓа во еколошки пакувања што може да се рециклираат, а самиот производ за чистење на лицето во нив е нежен, не содржи иританси, алкохол, парфеми ниту сулфати! Тоа значи дека производот е наменет за чистење на лицето на природен начин.

L’ADRIA Hydrating Cleanser се издвојува од останатите бидејќи е наменет за сите типови кожа. Азурносината текстура на овој гел за чистење на лицето полека се пени при допир со кожата и нежно ги отстранува нечистотиите.
За да го исчистите лицето на природен начин, потребно е:
- да го измиете лицето со млака вода;
- на влажната кожа нежно да втриете соодветно количество од производот за чистење на лицето (L’ADRIA Hydrating Cleanser);
- потоа да го исплакнете лицето со вода.
Длабинско чистење на лицето во домашни услови
Длабинското чистење на лицето подразбира темелно отстранување на нечистотиите од подлабоките слоеви на кожата. Во порите може да се насоберат различни честички што ќе го поттикнат создавањето акни и мозолчиња на лицето.
L’ADRIA Purifying Cleanser е идеален за длабинско чистење на мрсната кожа на лицето. Нежен, но моќен – BHA и PHA киселините темелно ќе ги исчистат порите и ќе ја спречат појавата на несовршености, без да ја исушат кожата. Ја остава кожата мазна, порите прочистени, а текстурата изедначена.
BHA киселините продираат длабоко во порите, ги отстрануваат постојните и го спречуваат создавањето нови несовршености, додека PHA киселините вршат нежна ексфолијација, давајќи ѝ на кожата исполнет изглед и здрав сјај.
Чистење на лицето во пубертетот
Тинејџерите обично имаат проблематична и чувствителна кожа поради новиот животен период во кој се наоѓаат. Ова е сосема вообичаена појава во пубертетот и е последица на хормоналните промени.
Како да имате чисто лице во пубертетот? Кожата на лицето склона кон мозолчиња и митесери треба да се чисти наутро и навечер. Состојките како морски минерали, морска лаванда и ектоин нежно ќе ја прочистат младешката кожа и ќе помогнат во задржувањето на хидратацијата.
L’ADRIA Teen Skin Duo е комплет што содржи средство за чистење и тоник. По миењето на лицето, Purifying Cleanser нежно се втрива во влажната кожа, а потоа се исплакнува со млака вода и лицето се суши. За кожата да ја задржи влагата, по третманот со средството за чистење, на чистото лице треба да се нанесе Restorative Mist наместо крем.

Бидејќи тинејџерите честопати не знаат како да го одредат својот тип кожа, во овој случај средството за чистење на лицето и тоникот може да се користат за чистење и нега на сите типови кожа.
Урамнотежената исхрана и физичката активност ќе придонесат за воспоставување хормонална рамнотежа. Сето тоа влијае врз снабдувањето на клетките на кожата со кислород, што придонесува за поблескав тен.
Природниот и блескав тен ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата, а тоа би можеле да го забележат и другите.